Почнува примената на руската вакцина за лекување на пациенти со рак

45

Експертите се подготвени најдоцна за месец и половина да започнат со лекување на пациенти со рак со новта вакцина базирана на информативна рибонуклеинска киселина (iRNA), изјави Александар Гинзбург, директор на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Тој рече дека се утврдени личните генетски податоци на пациентите и дека, со заедничка работа, третманот може да започне за еден или еден и пол месец.

На 6 декември, раководителката на Федералната медицинска и биолошка агенција, Вероника Скворцова, објави дека руската вакцина против рак успешно ги поминала претклиничките тестови и се покажала како безбедна и многу ефикасна.

Истражувачите забележале намалување на големината на туморот и забавување на прогресијата на туморот во опсег од 60 до 80 проценти, во зависност од карактеристиките на болеста.

Дополнително, студиите покажаа зголемување на стапките на преживување што се припишуваат на вакцината.

Првичната цел на оваа вакцина ќе биде колоректалниот карцином.

Остварен е ветувачки напредок во развојот на вакцини за глиобластом и одредени видови меланом, вклучувајќи го и очниот меланом. Овие вакцини моментално се во напредна фаза на развој.

ИЗДВОЕНИ