Од утре до 13 септември, во паркот „Авионче“ во Аеродром, ќе се одржи дванаесеттиот меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“. Фестивалот започнува во 20:00 часот, со претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер, во изведба на Градско позориште „Јазавац“ од Бања Лука, Босна и Херцеговина, а во режија на Жељко Стјепановиќ. Играат: Снежана Мишиќ, Жељко Еркиќ и Жељко Стјепановиќ.
В четврток, 11 септември, во 20:00 часот, ќе биде одиграна претставата „За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во изведба на здружението „Мана“ од Скопје, а во режија на Дејан Пројковски. Играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.
Следниот ден, петок, во 20:00 часот, ќе биде играна „Вонбрачна комедија“, во изведба на сцената „Маска“ од Шабац, Србија, а во режија на Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ, Наѓа Ристиќ, Душан Симиќ и Иван Томашевиќ.
В сабота, 13 септември, во 20:00 часот, ќе биде претставата „Ива и Глорија“ на Театар Керекеш од Вараждин, Хрватска, во режија на Јан Керекеш. Играат Глорија Дубељ и Ива Шимиќ-Шакороња. Во 21:20 часот е ќе има стендап со Бојан Велевски. Во 21:50 часот ќе се одржи доделувањето на наградите.
Претставите годинава ги избра Роберт Ристов. Жири-комисијата е во состав: Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски, Мими Ристов.
– Ве очекуваме на многу смеа, забава, дружење и создавање заеднични спомени во последните денови од летото – повикуваат од Општина Аеродром.