Државата е опремена со три авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (еден пристигна од сервис кон крајот на мај, еден е сервисиран и подготвен, вториот треба да стигне, а третиот покажал посериозен дефект, па ќе бидат потребни повеќе денови од предвиденото), два армиски хеликоптера, два полициски хеликоптера, на располагање се 935 професионални пожарникари, 110 доброволни пожарникари, 86 цистерни, едно хемиско возило, 38 противпожарни возила, 53 теренски возила и други алатки за помош при избивање пожар. Прилично загрижувачки е како државата би се справила со огнената стихија кога и во територијалните противпожарни единици нема доволно пожарникари, имаме стари и дотраени возила и опрема.

 

Почна сезоната на пожари предизвикани од топлотниот бран што ја има зафатено речиси цела Европа, а во Македонија температурите надминуваат 40 Целзиусови степени. Гореше на повеќе локации, но најголеми се во скопско Визбегово, шест пожари пламнаа во Кумановско и кај Новаци покрај границата со Грција.

Летово ќе се молиме да ги има што помалку. Државата е опремена со три авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (еден пристигна од сервис кон крајот на мај, еден е сервисиран и подготвен, вториот треба да стигне, а третиот покажал посериозен дефект, па ќе бидат потребни повеќе денови од предвиденото), два армиски хеликоптера, два полициски хеликоптера, на располагање се 935 професионални пожарникари, 110 доброволни пожарникари, 86 цистерни, едно хемиско возило, 38 противпожарни возила, 53 теренски возила и други алатки за помош при избивање пожар.

Прилично загрижувачки е како државата би се справила со огнената стихија кога и во територијалните противпожарни единици нема доволно пожарникари, имаме стари и дотраени возила и опрема.

Што се однесува до пилоти за „ер тракторите“, во Дирекцијата за заштита и спасување има само еден вработен, па се очекува и годинава, како и лани, двајцата пензионирани пилоти да застанат во првата борбена линија со пожарите. Новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, уверува дека се прават напори да се засили екипата на пилоти. Тој очекува до крајот на септември на располагање да има петмина пилоти.

Според процедурите, еден пилот не смее да управува со „ер трактор“, односно потребни се двајца, поради што лани, во екот на големите пожари, од пензија беа вратени Стоје Арсовски и Васко Михалчев, кои со нивниот ангажман придонесоа да се гаснат пожари на критичните места.

Пред десетина дена, ДЗС презентираше алатка за прогнозирање пожари. Станува збор за мапа на територијата на Македонија, каде што е прикажано во кои делови има сува вегетација, а согласно со тоа и индекс за пожар, односно прикажани се ризични територии за кои е потребно да се засилат контролите.

Ангелов од пред еден месец е на чело на ДЗС и по стапувањето на функцијата посочи на низа слабости  – покрај со сервисот на „ер тракторите“ и со немањето на пилоти, тој истакна дека Дирекцијата нема потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор, а некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност. Тој нагласи дека инспекцискиот надзор на противпожарната заштита е во исклучително лоша состојба, дека недостасуваат сериозен број на соодветно образовани и обучени инспектори, но и дека постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите што ги издава Дирекцијата за заштита и спасување.

Не се знае кои од овие слабости ќе успее за еден месец да ги отстрани, но, сепак, тој се надева дека оваа година надлежните институции ќе бидат поподготвени за превенција на пожарите и за намалување на штетата.

Според него, човечкиот фактор во 90 проценти од случаите е причина за пожар и поради тоа апелира во овој период на годината кога температурите се високи, да не се пали оган на отворено или во шума, особено стрништа. Ги предупредува и пушачите да не шетаат со запалена цигара и догорчињата да ги гаснат во вода, а да не ги газат со нога на земја. Но, во изминативе години институциите забележаа дека многу од пожарите се подметнати.

Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско гостување објаснуваше дека по планините нема стока да ја пасе тревата, која брзо се суши од високата топлина на воздухот, па ни се случуваат пожари.

– Една од причините зошто ни се случуваат пожарите е затоа што немаме стока по планините да ја пасе тревата и затоа ни е тревата бујна, а сега ќе се исуши, еве топло е и ќе почнат пожарите… Друго беше порано, многу стока имаше по планините, илјадници, десетици, стотици илјади грла ја пасеа тревата и помала беше можноста за пожари – рече Мицкоски.

Секоја година државата бележи дека десетици милиони евра ни горат во пожари. Според достапни информации, ако во 2020 година штетите од пожарите беа проценети на околу 21 милиони евра, следната 2021 година штетата била околу 38,2 милиони евра. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари (ЕFFIS), кој е дел од програмата Коперник, лани во Македонија во 126 шумски пожари изгореа преку 94.000 хектари, што е 3,6 проценти од вкупната територија на државата.

Пожари кај Новаци, скопско Визбегово и во Кумановско

Сува трева и делови од борова, дабова и букова шума горат од саботата во близина од село Бешеиште, општина Новаци, но од денеска пожарот се прошири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот се развива на непристапен и тежок терен, се слуша пукање од муниција поради можни неоткопани гранати во реонот. Неколку противпожарни  екипи се на терен и го гаснат пожарот. Од ЦУК информираа дека пожарот во скопско Визбегово е ставен под контрола.

За еден ден се регистрирани и шест пожари во Кумановско. Се гаснеа опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, а жито гореше и во липковското село Ропаљце. Опожарена сува трева гореше во липковско Никуштак во близина на гробиштата, како и во кумановското село Студена Бара. Смет гореше во Куманово, во населбата Средорек во два наврати.

Општина Куманово подготвува оперативен план од страна на претставници од надлежни институции, за детектирање на предизвиците, намалување на бројот на пожарите, навремено дејствување и пронаоѓање на сторителите. Граѓаните бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.

ЦУК: Активни неколку пожари низ Македонија

РЦУК – Скопје, известува дека пожарот на дивата депонија во Визбегово е изгаснат. Исто така БППЗ на Град Скопје имала и една интервенција поради запалена сува трева на ул.Малешевска во нас.Драчево (Општина Кисела Вода).

Од 112 добиена е пријава за пожар на сува трева во близина на авто плац ЕНЗО на булевар Босна и Херцеговина. Известени се БППЗ на Град Скопје.

Од 112 добиена е пријава за пожар во Долно Лисиче, м.в.Чаталот (Општина Аеродром). Известени се БППЗ на Град Скопје

РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој што започна во 16:23 часот на ден 28.06.2025 година во атарот на с.Бешиште, во близина на границата со Република Грција е активен.

Според последните информации добиени од ЈП НШ „Црн Бор“ – Прилеп, пожарот е приземен во уредена шума со бор, даб и бука. Пожарот е поделен на два краци и тоа: Првиот крак е према кај м.в.Уров во атарот на с.Бешиште и Вториот крак е према с.Градешница (Општина Новаци).

Пожарот е на многу непристапен терен за гаснење и дополнителна потешкотија за гаснењето претставува постојаните детонации од заостанати гранати (НУС) од предходните војни. Во моментов на лице место има 4 вработени од ЈП НШ со 1 возило.

РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Свети Николе од околу 11:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат поради пожар во атарот на с.Ерџелија (Општина Свети Николе) каде гори сува трева и стрниште. Во моментов пожарот е локализиран.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Гостивар, до 11:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена сува трева и грмушки на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на Неготинска Петља.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ