петок, јануари 23, 2026
Дома СКОПСКА Почна третата акција за собирање кабаст отпад

Почна третата акција за собирање кабаст отпад

293

Општина Центар денеска ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе трае до 20 април.

По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации: Дебар Маало  – Парк (улица „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан), Дебар Маало (улица „Алберт Ајнштајн“ кај КСП – Центар Јадро), Буњаковец (улица „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со улица „Рајко Жинзифов“), Буњаковец (на аголот на улиците „Борка Талевски“ и „Костурски херои“, Пролет (булевар „Крушевска Република“, спроти Веро Џамбо), и Водно (улица „Питу Гули“, кај кошаркарското игралиште).

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски апелираше да се продолжи со одговорното одлагање на овој вид отпад.

-Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан – порача Герасимовски.

Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.

Паралелно, продолжува и големата кампања за чистење под мотото „Центар чисти, Центар не чека“.

ИЗДВОЕНИ