Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека санацијата на оваа депонија е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во општина Липково и околниот регион, нагласувајќи дека нема повеќе време за чекање и дека институциите имаат обврска конкретно да дејствуваат на терен

 

Откако се завршени техничките подготовки, Министерството за животна средина и просторно планирање денеска започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.

Оваа депонија, според Министерството идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини, бидејќи честопати се пали.

Од Буџетот за 2025 година за овој проект се обезбедени околу пет милиони денари, како и механичка опрема за безбедно управување со отпад.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека санацијата на оваа депонија е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во општина Липково и околниот регион, нагласувајќи дека нема повеќе време за чекање и дека институциите имаат обврска конкретно да дејствуваат на терен.

Оваа акција претставува важен чекор во напорите за подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните на Липково и целиот регион.

 

ИЗДВОЕНИ