Почна реконструкцијата на спортско игралиште во Кадино

21

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве започна реконструкцијата на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“.

Со оваа реконструкција е предвидено поставување нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори, како и изработка на подна бетонска плоча. На ова спортско игралиште ќе бидат санирани головите и ќе бидат поставени нови табли за кошарка, со што ќе може да се користи тоа за повеќе спортови.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека, освен во просторното уредување и реконструкција, ова повеќенаменско спортско игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на жителите на Општината. Градоначалникот додаде дека овој спортско-рекреативен терен со својата разновидност ќе им овозможи на сите жители да уживаат во играта, спортот и забавата.

– Оваа реконструкција на веќе постојни спортски игралишта и изградбата на нови претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во Општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во другите населени места – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ