Почна распределбата на униформи за 6.800 ученици од Гази Баба  

25

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска во ООУ „Дане Крапчев“ на учениците им ги додели бесплатните униформи.

Овој проект започна во 2023 година, прв пат во историјата на општина Гази Баба.

–Униформите се повеќе од облека. Тие се симбол на еднаквост и заедништво. Со нив сите ученици се дел од една иста заедница, без поделби и разлики. За семејствата ова значи значајна поддршка на домашниот буџет, затоа што знаеме колку е важна секоја заштеда. За нашите ученици, пак, останува само една задача – да учат, да сонуваат и да се развиваат без предрасуди и без бариери – велат од Општина  Гази Баба.

Оттаму, веруваат дека оваа мерка ќе им помогне на децата да се чувствуваат рамноправно и подеднакво вредно и додаваат дека на овој начин се гради иднината на Гази Баба како општина на еднакви можности.

Горд сум што ова ветување стана реалност и што секоја година преку 6.800 ученици од општинските училишта бесплатно добиваат униформи – заклучи  Стефковски.

ИЗДВОЕНИ