Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки за изградбата на дел од булеварот од улицата „Доне Божинов“ сè до улицата „Братство и единство“, Општината ќе одвои речиси 27 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. На оваа локација општината предвиде и изградба на уште еден кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“, улицата „Доне Божинов“ и крак од улицата „Братство единство“
Почна расчистување на просторот за потребите за изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, соопштија надлежните од Секторот за комунални дејности во Општината.
– Исечени се стари тополи, гранки се чека на интервенција на ЕВН. Претходно, беа отстранети бараките – изјави помошникот раководител на Секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.
Изградбата предвидува расчистување на просторот. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки за изградбата на дел од булеварот од улицата „Доне Божинов“ сè до улицата „Братство и единство“, Општината ќе одвои речиси 27 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.
На оваа локација општината предвиде и изградба на уште еден кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“, улицата „Доне Божинов“ и крак од улицата „Братство единство“. Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно, општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.
Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот на „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“.