Почна изградбата на улицата „1“

76

Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во населбата Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрувањето на локалната патна мрежа, информираа од локалната самоуправа.

– Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како и тротоар со широчина од 1,5 метар од едната страна, се создаваат услови за безбедно и непречено движење на пешаците и на возилата. Во рамките на проектот е опфатена изградбата на систем за одведување на атмосферските води – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изјави дека изградбата на оваа улица е од особена важност за жителите од овој дел на Општината.

– Со секој нов проект, Општина Илинден ја зацврстува својата позиција како пример за модерна и функционална локална самоуправа, која не само што ги слуша потребите на граѓаните туку и активно работи на нивна реализација – вели Георгиевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ