вторник, јануари 27, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на спортска сала во ООУ „Григор Прличев“

Почна изградбата на спортска сала во ООУ „Григор Прличев“

105

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, поставија камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара.

Објектот ќе биде со површина од 650 квадратни метри, а инвестицијата е во вредност: 38.200.000 денари, при што првата фаза ќе чини 20.000.000 денари.

Освен тоа, тие извршија и увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Петре Филиповски Гарката“ во Триангла, во должина од 603 метри.

Градоначалникот Стефковски истакна дека реконструкцијата опфаќа: гребење и асфалтирање. Проектот чини 7.501.938 денари.

ИЗДВОЕНИ