недела, февруари 15, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на професионален калистеника парк на отворено

Почна изградбата на професионален калистеника парк на отворено

2707

Општина Аеродром ја почна првата фаза од изградбата на мултифункционалниот фитнес-комплекс KANAK K-030, покрај булеварот „Србија“, во непосредна близина на „Лукоил“ во Општина Аеродром.

Станува збор за систем на справи од светски реномираната марка „Kenguru PRO“, наменети за калистеника и за вежбање на отворено, како и за организирање меѓународни натпревари.

– Со овие справи, сите граѓани, без оглед на возраста и на кондицијата, ќе имаат можност да вежбаат, да ја подобрат физичката форма и да го подобрат своето здравје на само неколку чекори од својот дом – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека справите се поставени со цврсти алуминиумски стеги со TÜV-сертифициран квалитет, што гарантира безбедност и долг рок на употреба.

Исто така, во рамките на овој спортски комплекс ќе бидат изградени првото залетиште со тартан патека и корито со песок, кои ќе служат за скок во далечина.

 

ИЗДВОЕНИ