петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна изградбата на модерен биопазар во Кавадарци

Почна изградбата на модерен биопазар во Кавадарци

108

Во Кавадарци почна изградбата на нов, модерен биопазар, што, според градоначалникот Митко Јанчев, претставува инвестиција во здравјето, земјоделството и во локалниот развој.

Тој наведе дека овој пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот Регион.

Пазарот ќе биде изграден во зона со комерцијална и деловна намена, а ќе содржи простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки, домашни производи, сирење, кашкавал, урда, путер од јаткасти плодови и слично. Притоа, објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици.

– Овој проект има цел да обезбеди современ, уреден и сертификуван простор каде што локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници, по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект, инвестираме во три столба: здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде што локалното добива вистинско значење .Проектот е дел од визијата за Кавадарци како еколошки одговорна и економски динамична општина, која ги поттикнува локалните производители, го скратува синџирот на снабдување и ја зголемува свесноста за здравите животни навики – истакна Јанчев.

ИЗДВОЕНИ