Почна изградбата на културен дом во Петровец

22

Жителите на општина Петровец ќе добијат културен дом. Со поставување на камен-темелникот на кое присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска беше означен почетокот на изградбата на објектот.

Митевски информираше дека објектот ќе биде со површина од 385 квадратни метри, ќе се гради со средства во висина од 29,5 милиони денари, обезбедени преку Владата од унгарскиот кредит. Тој очекува изградбата да заврши за една година, по што објектот ќе биде свечено пуштен во употреба.

Премиерот Мицкоски, во своето обраќање, нагласи дека по завршувањето на изборниот процес следува период на интензивна реализација на ветените проекти.

– Изборите завршија, време е да продолжиме со реализација на проектите, тоа што сме го ветиле и сме зеле обврска пред граѓаните да го реализираме. Му честитам на градоначалникот, навистина посветено работи, што впрочем го покажува изминативе години и не е случајно по петти пат избран за градоначалник на Општина Петровец, уште поубедливо отколку во минатите неколку пати. Навистина сум благодарен за сето тоа што го прави за жителите на Петровец, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините во испорачувањето проекти кои ќе значат додадена вредност во животите на граѓаните – изјави Мицкоски. 

ИЗДВОЕНИ