вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“

Почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“

14

Почна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“, во населбата Бирарија. Од Општина Кисела Вода соопштија дека проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат тешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општината.

Изградбата и обновата на подземната инфраструктура се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината   – истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Таа додаде дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следува, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.

– Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и за еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители – нагласи Стаменкоска -Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ