понеделник, февруари 23, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради

Почна изградбата на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради

13

Општина Бутел започна со изградбата на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во Скопје-Север.

Од локалната самоуправа информираат дека градежните активности предвидуваат реконструкција на пристапните влезови до станбените згради на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.

– Пешачките патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе спречат поплавување на влезовите на зградите. Реализацијата на проектите во Скопје-Север претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во Општината – соопштија  од локалната самоуправа.

 

 

ИЗДВОЕНИ