Почна исплатата на надоместоците за првачиња, новороденчиња…

567

Општина Гази Баба почнува со исплата на финансиските средства по поднесени барања за првачиња, новороденчиња и еднократна парична помош.

Од  Општината информираат дека 518 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за прваче ќе добијат по 3.000 денари, 136 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за новороденче ќе добијат по 5.000 денари и 54 семејства кои имаат поднесено барање за еднократна парична помош по различни основи, а согласно со одлуката на Комисијата ќе ги добијат финансиските средства кои им се доделени.

Исплатата на овие средства досега не беше реализирана поради ограничувањата пропишани во Изборниот законик, а во врска со одржувањето на локалните избори, кој со Заклучок за конечност на резултати од Државната изборна комисија завршија во понеделникот.

 

 

ИЗДВОЕНИ