вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна градежната сезона во Општина Штип

Почна градежната сезона во Општина Штип

16

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, најави почеток на градежната сезона во оваа општина со стартот на целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“.

Јорданов информираше дека екипите почнуваат со реконструкција на подземната инфраструктура на оваа улица, односно со замена на нова водоводна и канализацска мрежа, а ќе се работи и на атмосферскиот одвод.

– Планирано е промена на подземна инфраструктура, третирање на атмосферските води, водовод, канализација. Потоа, уредување на тротоарските површини со нови павер елементи и на крајот, асфалтирање – истакна Јорданов.

За оваа активност, од буџетот на Општина Штип се издвоени преку 9 милиони денари.

– Веруваме дека во наредните недели овде ќе бидат испланирани и завршени сите активности. Замолувам за трпение кај жителите, со оглед на тоа што мора темелно да се работи – вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник додаде дека по завршување на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“, градежните активности ќе продолжат и на други улици во населбата Леваци, а тоа се „Коле Неделковски“, „АСНОМ“, „Боро Милевски“ и други.

Според Јорданов, се прават темелни реконструкции на улиците, бидејќи подземните инсталации се стари и по половина век.

Тој наведе дека во наредните денови ќе продолжи и доизградбата на мегапаркот кај пешачката и велосипедска патека на реката Брегалница.

 

ИЗДВОЕНИ