Општина Бутел од денеска го започна финалното чистење на реката Серава, а за неколку дена ќе бидат поставени и клупи на трим патеката. Реката Серава добива ново корито, трим патека и парковска содржина.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави дека многу брзо ќе следува и свеченото отворање на овој голем проект, кој чини 70 милиони денари.
Овој проект, како што истакна Костовски, бил со децении најавуван, но како што нагласи, сега станува реалност.