недела, февруари 15, 2026
Дома СКОПСКА Почна бележењето на пешачките премини

Почна бележењето на пешачките премини

462

Екипите на ЈКП „Гази Баба“ започнаа акција за бележење на пешачките премини на локалните улици во надлежност на Општината.

Бележењето започна во населбата Железара, а утре ќе продолжи во Автокоманда.

– Во наредните денови, ќе се работи во Триангла, Маџари, Хиподром, Ченто и во други делови на нашата општина. Бележењето на пешачките премини не е само техничка работа туку и важен чекор кон зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на најранливите категории: децата, учениците и повозрасните. Јасно обележаните премини ги потсетуваат возачите да бидат повнимателни и да ја почитуваат предноста на пешаците велат од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека акцијата е дел од континуираната грижа за сообраќајната сигнализација и за урбаниот ред, со цел да се изгради побезбедна и поорганизирана општина за сите.

 

ИЗДВОЕНИ