четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Почна асфалтирањето на улицата „Јордан Поп Јорданов“

Почна асфалтирањето на улицата „Јордан Поп Јорданов“

1713

По повеќе од 70 години чекање, коцката на улицата „Јордан Поп Јорданов“ во Маџари конечно заминува во историјата, а Маџари добива современа, безбедна и функционална сообраќајница!

Градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека работите се одвиваат со добра динамика и согласно со предвидениот план. Овој проект е исполнување на едно долгогодишно барање на жителите од овој дел на Маџари.

– Пред да започнеме со асфалтирањето, одговорно и темелно ги реализиравме клучните инфраструктурни зафати: изградба на атмосферска канализација, со што се решава проблемот со одведување на атмосферските води, како и изградба на водоводна мрежа, за сигурно и квалитетно водоснабдување на домаќинствата –  информираше Стефковски.

Покрај асфалтирањето на коловозот, проектот предвидува и изградба на нови пешачки патеки со павер елементи, кои ќе обезбедат поголема безбедност за пешаците, подобра пристапност и уреден изглед на улицата.

ИЗДВОЕНИ