Општина Куманово започна акција за чистење на корито на реката Кумановка, со цел отстранување на отпадот, дивата вегетација и подобрување на протокот на водата.
Според градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ваквите активности се важни за создавање почиста средина и превенција од евентуални поплави.
– Работните екипи се на терен и посветено работат за да стане градот побезбеден и поубав – информираше Димитриевски.
Тој апелираше до граѓаните да ја чуваат природата, да не фрлаат отпад во реките и да придонесат кон заедничката одговорност.