Починато деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница

125
Фото:принтскрин

Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8,30 часот било пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, Велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми.

„Вчера наутро во 8:30 часот од Општата болница во Велес е пријавено дека на Детското одделение е донесено починато деветмесечно бебе од селото Сливник, Велешко“, пишува во полицискиот извештај.

Од болницата соопштија дека бебето од претходно имало здравствени проблеми.

Според портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, како што информираат од полицијата, телото на починатото бебе е дадено на обдукција.

ИЗДВОЕНИ