Почина „заспаниот принц“ кој 20 години беше во кома

148
X/Screenshot

Саудискиот принц, кој помина повеќе од две децении во кома по ужасна сообраќајна несреќа во Лондон, почина на 36-годишна возраст.

Принцот Ал-Валид бин Халид Ал-Сауд доживеал крварење во мозокот и внатрешно крварење во сериозна несреќа во 2005 година, кога имал само 15 години. Познат во пошироката јавност како „Заспаниот принц“, тој бил приклучен на респиратор во болницата, но никогаш целосно не се освестил, објави „Њујорк пост“.

Принцот Ал-Валид беше најстариот син на принцот Халед бин Талал Ал Сауд, кој ја потврди веста за неговата смрт во објава на социјалната мрежа X.

Во соопштението од семејството на платформата X се изразува „длабока тага и жал“ поради смртта на принцот. Во него се вели дека погребот ќе се одржи во Ријад во недела. Со текот на годините, тој стана симбол на надеж и упорност, а многумина низ арапскиот свет се молеа за него и се надеваа на негово закрепнување.

Со текот на годините, неговото семејство споделуваше видеа и фотографии од принцот Ал Валид на апарати за одржување во живот. На едно, тој беше покриен со саудиско знаме со зборовите „Нашата татковина е во нашите срца“.

Во видео објавено од семејството пред пет години, може да се види како ги движи прстите, што во тоа време разбуди надеж кај оние кои се надеваа на негово целосно закрепнување.

ИЗДВОЕНИ