Поранешниот командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 83-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ.
Веста за смртта на Младиќ ја потврди неговото семејство.
Младиќ претрпел неколку мозочни удари, по што неговата состојба, која веќе беше многу лоша, дополнително се влошила.
Семејството и лекарите постојано предупредуваа за состојбата на Младиќ и бараа негово ослободување од затвор за понатамошно лекување, но сите такви барања биле одбиени од надлежните органи во Хаг.












