Еден од двајцата припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија, ранети во пукотница во близина на Белата куќа, почина од повредите, соопшти претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Дваесетгодишната Сара Бекстром, која стапи во служба во јуни 2023 година и беше дел од 863-та воена полициска чета, почина во болница, објави NBC.
Трамп ја опиша како „многу почитувана, млада, прекрасна личност“.
Другиот ранет гардист, Ендру Волф (24), наредник во воздухопловните сили на САД од Мартинсбург, останува во критична состојба.
Двајцата беа распоредени во мисијата „Безбедно и убаво“ во Вашингтон, и беа застрелани околу 14:15 часот во средата.
Таткото на Бекстром ја потврди смртта на неговата ќерка на Фејсбук, пишувајќи дека тоа е „страшна трагедија“, додека таткото на Ендру Волф рече: „Само молете се за мојот син“.
Осомничениот напаѓач Рахманула Лаханвал, авганистански државјанин кој, според ЦИА, „работел со американските сили“.
Осомничениот напаѓач Рахманула Лаханвал, авганистански државјанин кој, според ЦИА, „работел со американските сили за време на војната во Авганистан“, бил ранет за време на инцидентот и е во болница.












