Почина поранешниот албански премиер, Фатос Нано

49

Поранешниот албански премиер, Фатос Нано, почина на 73-годишна возраст, по неколкунеделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба, по срцев удар, јави „Еуронењуз Албанија“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да почине.

Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и премиер во три мандати – кратко во 1991 година, потоа 1997–1998 и 2002–2005. Истакната е неговата улога во модернизацијата на левицата и во европеизацијата на политичкиот систем во Албанија.

Во изминативе недели, албанските медиуми редовно информираа за критичната здравствена состојба на Нано, вклучително и дека е во интензивна нега и на апарати за одржување во живот, што го засили интересот на јавноста пред потврдата за неговата смрт.

ИЗДВОЕНИ