Ози Озборн, фронтменот на „Блек Сабат“, почина на 77-годишна возраст, објавува Гардијан.
„Со поголема тага отколку што можат да изразат зборовите, принудени сме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент“, се вели во соопштението на неговото семејство.
Не е наведена причина за смртта, иако Озборн страдаше од разни здравствени проблеми во последните години.