Почина новинарката Јулијана Тануровска, долгогодишен уредник на сателитската програма на МРТВ

42

На 60-годишна возраст, го загуби животот долгогодишната новинарка и одговорен уредник на Сателитската служба на МТВ1, Јулијана Тануровска.

Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ, како репортер и како уредник во информативната програма и на Сателитската служба, темелно и со остар новинарски стил обработувајќи ги темите, најчесто од областа на образованието и црквата.

Опелото ќе се одржи во недела на Градските гробишта во Бутел.

ИЗДВОЕНИ