По кратко боледување, почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.
Тој последниве години беше во пензија.
– Неговата посветеност и придонесот во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот – соопштија од Дирекцијата за култура и уметност, од каде што изразија сочувство до неговото семејство.
Како што е познато, Дирекцијата за култура и уметност е организатор на манифестацијата „Скопско лето“, што се одржува над 45 години, „Есенски музички свечености“, како и на „Матурска парада“.












