Легендарниот холивудски актер и режисер Роберт Редфорд почина на 89 години во сон во својот дом во Јута, пренесоа светските медиуми. Познат по многу култни филмови, тој остави неизбришлива трага во светот на филмот и на уметноста.
Роберт Редфорд (18 август 1936 во Санта Моника, Калифорнија – 16 септември 2025, Јута) беше една од најважните личности во историјата на американското кино. Како актер, тој ги освои срцата на публиката ширум светот, додека како режисер и основач на фестивалот „Санденс“, тој даде непроценлив придонес во независниот филм. Неговата смрт означува крај на една ера во Холивуд, но и потсетник на неговото богато наследство.
Редфорд се здоби со глобална слава благодарејќи на неговите улоги во филмовите „Буч Кесиди и Санденс Кид“, „Бодежот“, „Моја Африка“, „Непристоен предлог“, „Шпионски игри“, „Големиот Гетсби“, „Три дена на кондорот“, „Сите луѓе на претседателот“. Неговата кариера не застана само на глумата – во 1980 освои Оскар за режија на филмот „Обични луѓе“. Добитник е и на други бројни признанија како БАФТА, две награди „Златен глобус“, Наградата „Сесил Б. Демил“…