Почина криминалецот заслужен за терминот „Стокхолмски синдром“

96
screenshot youtube

Кларк Олофсон, кој стекна светска слава во 1973 година по киднапирање и грабеж на банка во шведската престолнина, почина по долго боледување, соопшти неговото семејство за порталот „Дагенс ЕТЦ“, пренесува Би-Би-Си.

За време на шестдневната опсада, заложниците на Олофсон почнале да сочувствуваат со него и неговиот соучесник, бранејќи ги нивните постапки, додека станувале сè понепријателски настроени кон полицијата.

Инцидентот го даде името на теоретската психолошка состојба „Стокхолмски синдром“ во која жртвите на киднапирање развиваат наклонетост кон своите киднапери.

Олофсон бил повеќекратен престапник и го поминал поголемиот дел од својот живот во затвор. Тој последен пат беше ослободен во 2018 година откако отслужи казна во Белгија за прекршоци поврзани со дрога.

Актерот Бил Скорсгард го играше во драмската серија на Нетфликс „Кларк“ од 2022 година.

ИЗДВОЕНИ