Почина британскиот рок и блуз пејач и кантавтор Крис Риа

151
Фото:википедија

Познатиот пејач Крис Риа почина денес на 74-годишна возраст, објави портпаролот на неговото семејство.

Во соопштението се наведува дека тој починал мирно во болница, по кратко боледување, објави „Гардијан“.

Реа комбинираше блуз, поп, соул и софт рок на 25 студиски албуми, а меѓу неговите најголеми хитови се „Патот до пеколот“, насловната песна од истоимениот албум кој достигна број еден на британските топ листи, потоа „Driving Home for Christmas“, песна која стана безвременски празничен класик, како и песните „On the Beach“ и „Josephine“, кои добија голема популарност.

За време на неговата кариера, тој има продадено повеќе од 30 милиони албуми низ целиот свет.

ИЗДВОЕНИ