Почина актерот Лазе Манасков

82
Фото:википедија/Од Martina.Janeska — сопствено дело, CC BY-SA 4.0,

На 66 години денеска почина актерот Лазе Манасков, долгогодишен член на ансамблот на Драмскиот театар од Скопје.

Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје, каде работеше сѐ до неговото пензионирањето во 2022 година.

Многу играни и ТВ-филмови се впишани во неговата биографија.

Во текот на својата кариера, Манасков оствари бројни улоги и даде значаен придонес во развојот на македонскиот театар. Колегите го паметат како посветен професионалец, коректен соработник и човек со силно чувство за одговорност кон сцената и професијата.

Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од Драмскиот театар.

ИЗДВОЕНИ