понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

50

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Пробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

– Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември, информираа од Генералштабот на Армијата.

ИЗДВОЕНИ