
Англиските медиуми открија дека премиерлигашот Њукасл испратил нова понуда за словенечкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Истите извори тврдат дека „црно-целите“ понудиле фиксни 80 мил. евра како обештетување и дополнителни 10 мил. евра во вид на најразлични бонуси.