
Италијанските медиуми немаат дилема дека во следните неколку часа турскиот суперлигаш Галатасарај ќе испрати нова понуда за португалскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Милан, Рафаел Леао. Истите извори додаваат дека понудата ќе биде околу 50 мил. евра и дека ќе бидат понудени дополнителни бонуси од околу 10 мил. евра.











