Победникот во шоуто „Никогаш не е доцна“ Бејхан Рамов: „Да им платам на Германците или да одам во нивниот затвор?“

39

Сите уште го памтиме како апсолутен победник во балканското шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“(Никад није касно). Тој се прослави во тоа шоу, кога заедно настапи со популарната македонска фолк-ѕвезда Ленче Кукиќ и со максимална поддршка на Лепа Брена. Рамов, по професија е ѕидар, па често го ословуваат со прекарот „најраспеаниот македонски ѕидар“!

 – На мојата домашна адреса, на мое име и презиме, пристигна казна од Германија, земјата во која законите функционираат, а се работи за тоа дека сум возел автомобил во Германија при што сериозно сум ја пречекорил брзината. Човекот што го познавав ги дал моите податоци за пречекорување на брзина и ме навел мене како возач на автомобилот. Значи направил тешка измама, што инаку е опасно кривично дело. Јас работев пред неколку години кај тој човек во Германија, па затоа тој и ги има моите податоци, вака вели Бејхан Рамов, талентираниот пејач од Битола.

Ние сите мошне добро го знаеме и уште го памтиме како апсолутен победник во балканското шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно). Тој се прослави во тоа шоу, кога заедно настапи со популарната македонска фолк-ѕвезда Ленче Кукиќ. Рамов, по професија е ѕидар, па често го ословуваат со прекарот „најраспеаниот македонски ѕидар“!

Битолчанецот Рамов, деновиве повторно дојде во фокусот на балканските медиуми. Но овој пат по несреќен повод. Станува збор за официјално писмо од германската држава со кое е известен дека направил сообраќаен прекршок. Но, како што вели Рамов, тој во Германија не бил во последните три години. Нема воопшто причина зошто да биде казнет.Според документите, Рамов на 15 јули 2025 година управувал со автомобил во Германија. Овој автомобил бил снимен од радар како вози 161 километар на час, и тоа на автопат каде што максималната дозволена брзина е само 120 километри на час.

–Па, луѓе мои, јас немам ни возачка дозвола! Тоа мошне лесно се утврдува. И сега кажете ми, треба ли да ја платам казната или не, или да одам во германски затвор? Ова навистина нема смисла, затоа сум нервозен, вели некогашниот победник во „Никогаш не е доцна“.

Бејхан додава дека се сомнева во неговиот поранешен работодавец, кој веројатно ги злоупотребил неговите лични податоци. Ако е така, а ќе видиме кој е натрапникот за оваа ујдурма, ќе си ги сноси последиците, коментира пејачот. И покрај естрадните настапи, тој продолжува да се занимава со своите градежни работи. Најголема желба му беше да изгради куќа за своите синови, а желбата си ја оствари. Сепак, истакнува дека и од песната исто така нема никогаш да се откаже. И сега често ги развеселува своите колеги и колешки во градежништвото.   (Д. М.) фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ