Со доаѓањето на постудените денови, може да се чувствувате незадоволно, поспано, уморно, слабо и со недостаток на енергија. Причините за ова се пократкото изложување на сонце, намалениот внес на витамини и слабата физичка активност.
Овој сок од портокал и масло од лен ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата. Едноставните шеќери, кои одеднаш ги внесуваме во телото со консумирање слатки, се брзо решение за зголемување на енергијата, но трае помеѓу 15 и 40 минути.
Портокалот во комбинација со масло од лен ќе ви даде подолготрајно дејство. Богат е со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а маслото е таму за да го забави зголемувањето на овошните шеќери од портокалот во крвотокот, што обезбедува стабилно генерирање на енергија во текот на неколку часа.
Покрај тоа, овој сок може да биде корисен во спречувањето на висок крвен притисок, кардиоваскуларни и белодробни заболувања.
Можете да консумирате сок од портокал и масло од лен секој ден. Се подготвува брзо и лесно.
Состојки:
3 излупени портокали
1 лажица масло од лен
1 дл ладна вода
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.
Ако немате блендер, рачно исцедете го сокот од портокал, додадете масло и вода и добро измешајте, пишува Dnevni.hr.