Кошаркарите на Партизан славеа потешко од очекувањата против тимот на ФМП во АБА-лигата по едно продолжение со 109:103, но останаа и без еден од најдобрите играчи, откако во финишот на натпреварот се повреди плејмејкерот Карлик Џонс.
Плејмејкерот на Партизан, ќе паузира три месеци, пишува „Моцартспорт“.
Џонс веднаш по натпреварот бил однесен на медицински тестови, а снимката покажала дека има скршеница на петтата метатарзална коска и дека американскиот кошаркар го чека подолга пауза.
Ова значи дека Џонс заврши со играње кошарка за оваа година. Проблемот е уште поголем бидејќи од претходно е повреден и Шејк Милтон, за кого не е познато кога ќе се врати во тимот.