На големо изненадување на многумина, францускиот играч од средниот ред, Пол Погба (32), се враќа на фудбалските терени по долгата суспензија поради допинг. Тој изјави дека не му помогнал Јувентус во текот на суспензијата, па затоа решил да се прости од него и да потпише за тимот на Монако.

  • Мислев дека сум во војна со антидопинг-властите, а не со клубот – рече Погба.

Погба додаде дека не добил доволна поддршка од својот поранешен клуб во текот на 18-месечната суспензија.

  • Иако побарав помош од Јувентус, не ја добив – изјави Французинот за каналот TФ1.

Французинот падна на допинг-тестот по натпреварот од Серија А, против Удинезе, во 2023 година и првично беше суспендиран на четири години, но казната му беше намалена на 18 месеци.

Јувентус официјално го раскина неговиот договор во ноември 2024 година, додека тој има право повторно да игра од март оваа година.

  • Го замолив клубот да ми обезбеди фитнес-тренер бидејќи сè уште бев член на тимот. Имав право да го сторам тоа. Да речеме дека Јувентус не ме поддржа, и тоа ми остана во сеќавање. Не разбрав зошто. Мислев дека сум во конфликт со антидопинг-властите, а не со Јувентус. Не можев секој ден да ги возам децата на училиште и да поминувам покрај стадионот и тренинг-центарот знаејќи дека нема да играм долго време. Децата постојано ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот и кога повторно ќе ме видат на стадионот. Сега сум подготвен, физички и ментално, и едвај чекам да почнам одново. Имам 32 години, но сè уште се чувствувам како дете – заклучи Погба.

Покрај за Јувентус, тој двапати беше член и на Манчестер јунајтед.

ИЗДВОЕНИ