недела, февруари 8, 2026
Дома СКОПСКА Побарана кривична одговорност од Ганиу за уништување на културното наследство

Побарана кривична одговорност од Ганиу за уништување на културното наследство

706

По повод поставувањето на поврзувачката порта на Бит- пазар со Старата скопска чаршија, како што ја нарекоа од Општина Чаир, се огласија и од партијата Левица.

Тие апелираат Министерството за култура веднаш да реагира и да ја заштити Чаршијата, како симбол на Скопје, од понатамошно деградирање и да реагира на непочитување на законот и на подзаконските акти. Воедно, од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ/ЗНАМ бараат да се поведе кривична одговорност за непочитување на законите и за уништување на културното наследство од страна на Ганиу.

– Самоволието на ДУИ и натаму продолжува со помпезно промовирање на уништувањето на заштитеното културно наследство во Старата скопска чаршија од страна на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Левица нема да дозволи и овој пат самоволието на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси – заклучија од партијата.

 

ИЗДВОЕНИ