Цената на среброто значително порасна на светските берзи, кратко откако „експлодираа“ цените на златото. Имено, по златото, кое неодамна го достигна историскиот максимуми, бидејќи инвеститорите сè повеќе бараат безбедни засолништа за својот капитал во турбулентни времиња, тоа се случи и со среброто.
Среброто се тргуваше на берзата во Њујорк „Comex“ за 42,9 долари за унца, а неговата цена за килограм е повеќе од 1.000 швајцарски франци, објавува швајцарскиот јавен сервис РTС.
Вредноста на среброто се зголеми за околу 20 проценти од почетокот на годинава, а растот се забрза во август. Инвеститорите се вртат кон скапоцените метали поради глобалната неизвесност, а дополнително се мотивирани од очекувањето дека Федералните резерви на САД наскоро ќе ги намалат каматните стапки.