недела, февруари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА По тропските денови, пристигнува промена на времето

По тропските денови, пристигнува промена на времето

75

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека утре во попладневните часови ќе има нестабилност со кратотраен пороен дожд и грмежи.

„Утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец“, велат од УХМР.

Нестабилното време ќе продолжи и во првите денови од идната седмица.

„Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во деновите од викендов во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град“, стои во објавата на УХМР.

ИЗДВОЕНИ