сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ По тримесечен прекин, Иран почна да го обновува пристапот до интернет –...

По тримесечен прекин, Иран почна да го обновува пристапот до интернет – мрежата е се уште делумно недостапна

25
Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Денес почна да се обновува пристапот до интернет во Иран по тримесечен прекин, објави првиот потпретседател на земјата, Мохамад Реза Ареф.

„Првиот чекор кон слободен и регулиран пристап до кибер-просторот е направен“, напиша Реза Ареф на социјалната мрежа „Икс“, објави „Би-би-си“.

Групите за следење на интернет „Нетблокс“ (Netbloks) и „Кентек“ (Kentik) објавија „делумно обновување“ на интернетот околу 15 часот по средноевропско време, но поголемиот дел од мрежата е сè уште недостапна.

„Подгответе се за цени на нафтата од 200 долари“: САД го напаѓаат Иран „во самоодбрана“, Техеран се заканува со „сериозен одговор“

Иранската влада го исклучи интернетот на 28 февруари, кога американската и израелската војска ги започнаа своите напади, наведувајќи ја целта за спречување на надзор, шпионажа и сајбер-напади. Ова е едно од најдолгите исклучувања на интернетот на национално ниво некогаш забележано во светот.

Извор на „Би-би-си“ во Техеран изјави дека денес успеал да се поврзе на интернет користејќи ја својата домашна WiFi мрежа.

Глобалниот интернет монитор Netbloc изјави дека во овој момент е „нејасно“ дали враќањето на интернетот ќе биде „одржливо“.

ИЗДВОЕНИ