По тешката сообраќајка Дарко Лазиќ ги негира гласините: Немало алкохол или нелегални супстанции

220

Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина преживеаја тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа. Несреќата се случи на автопатот кај Генекс, во близина на Белградската арена.

Во судирот учествуваа автобус и автомобил – кој беше целосно згмечен.

Брза помош веднаш ги превезле двајцата во Воено-медицинската академија, каде што им била укажана помош. За среќа, тие поминаа без сериозни повреди.

По напуштањето на болницата, Лазиќ се огласи во изјава за Блиц.

Тој ги негираше гласините дека возел под дејство на алкохол и дрога.

„Ја изгубив контролата, гледам дека сите пренесоа дека сум пијан, а се споменуваат и недозволени супстанции. Ги имам сите резултати од болницата. Фала му на Бога, никому ништо не му се случи, преживеавме. Сопругата е добро, добив повреди на главата, ништо сериозно. Врнеше дожд, ми се занесе автомобилот, удрив во автобус. Никој не беше во автобусот, никој не беше повреден, сите сме живи и здрави. Немаше пребрзо возење, да продолжиме понатаму“, рече Дарко.

Тој бил во несвест некое време.

„Многу ми е мило што органите за спроведување на законот реагираа брзо, како и брзата помош. Дури кога стигнав во болница и кога се видов во огледало – знаев дека главата ми е расечена. Докторот ми рече дека не е толку лошо колку што можеше да биде. Имам 15 конци, но морам да напоменам дека немало алкохол или нелегални супстанции“, повтори Лазиќ.

ИЗДВОЕНИ