По средбата -Трамп-Путин: Зеленски утре патува во Вашингтион на разговори со американскиот претседател

22

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по телефонски разговор со Трамп.

Зеленски рече дека претходно телефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.

„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“.

Трамп на самитот рече дека не е постигнат договорот за прекин на огнот што го очекувал, но во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека со Путин разговарал за префрлањето на територии и безбедносна гаранција за Украина, и дека во голема мера „постигнале договор“.

„Мислам дека сме блиску до договор“, рече Трамп, додавајќи: „Украина мора да се согласи. Можеби ќе рече не“.

Според два извора, понудата на Путин засега се темели на разговорите меѓу европските, американските и украинските лидери, но не е јасно дали станува збор за почетната позиција или за практично финална понуда. Трамп во саботата за својот разговор со Путин ги извести Зеленски европските лидери.

 

ИЗДВОЕНИ