Американскиот производител на спортска опрема „Најк“ по шестгодишно отсуство, повторно ќе почне да продава производи директно на платформата „Амазон“.
Компанијата исто така наводно од 1 јуни ќе ги зголеми цените на повеќето свои пати и другата облека по неодамнешното воведување на високите американски царини пренесува „Би-би-си“.
Облеката и обувките за возрасни по цени над 100 долари ќе поскапат за два до десет долари, а поевтината роба и производите за деца нема да бидат погодени до мерката.
Компанијата исто така нема да ги зголемува цените на своите патики „ер фор 1“ од 115 долари и некои парчиња за облекување од марката „Џордан“.
„Најк“ престана да продава преку „Амазон“ во 2019 година по само две години на платформата, бидејќи сметаше дека „Амазон“ не може да излезе на крај со фалсификаторите на нелиценцираните продавници.
Стратегијата за директна продажба на потрошувачите добро функционираше за „Најк“ во текот на пандемијата ковид, кога продажбата преку интернет порасна, но од тогаш е во застој, пренесува порталот „Верџ“.
Новиот извршен директор Елиот Хил, кој ја презеде функцијата во октомври 2024 година, наведе дека зголемувањето на големопродажната трговија на „Најк“ е една од неговите главни цели, пренесува „Танјуг“.