Шефицата на дипломатската мисија на САД во Венецуела, Лаура Догу, пристигна во Каракас за повторно да ја отвори мисијата, седум години откако САД и Венецуела ги прекинаа дипломатските односи, објави „Танјуг“.
По слетувањето на аеродромот во предградието на Венецуела, во порака од адресата на „Икс“ на Американската амбасада во Венецуела, Догу напиша дека таа и нејзиниот тим се „подготвени за работа“, според „НБЦ Њуз“.
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил, го оцени пристигнувањето на Лаура Догу како дел од заедничкиот план за „решавање на постојните разлики преку дипломатски дијалог со меѓусебно почитување и меѓународно право“.












