По санкциите на Трамп, Путун испраќа својот специјален претставник во Вашингтон – утре се среќава со Виткоф

537
Фото: EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, е во САД на состанок со претставници на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и специјалниот претставник Стив Виткоф, објавија медиумите денес.

Се очекува Дмитриев да се сретне со американски претставници за да „продолжи со дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на информирани извори.

„Аксиос“ објави дека Дмитриев и Виткоф ќе се сретнат утре во Мајами. Претседателот Доналд Трамп воведе санкции врз две од најголемите руски нафтени компании претходно оваа недела во обид да го принуди Путин да ја заврши војната во Украина.

Трамп разговараше со Путин по телефон минатата недела и објави дека двајцата лидери наскоро ќе се сретнат, но состанокот беше одложен.

ИЗДВОЕНИ