По рапортот на Виткоф и Кушнер во Белата куќа: Преговорите во Москва поминаа добро, ама за танго се потреби двајца, оцени Трамп

0
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Состанокот на специјалниот американски претставник Стив Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин помина „разумно добро“, но „останува да се види што ќе биде понатаму“.

„Што ќе произлезе од тој состанок, не можам да ви кажам, бидејќи за танго се потребни двајца“, рече Трамп, објави „Ројтерс“.

Американскиот претседател рече дека „Путин сака војната да заврши“.

Претходно денеска и Виткоф и зетот на американскиот пртетседател, Џаред Кушнер се сретнаа со Трамп и го известија за вчерашниот состанок со Путин во Москва.

„Соединетите американски држави и Русија учествуваа во темелен и продуктивен состанок. Специјалниот претставник Виткоф и господинот Кушнер го известиле американскиот претседател, а потоа и Украинците, наведе извор од агенцијата.

Виткоф и Кушнер одржаа во вторникот петчасовен состанок со Путин во Кремљ, пренесе „Танјуг“.

Страните го разгледале мировниот план што го предложи Вашингтон.

Во САД на 30 ноември беше одржан состанок меѓу украинската и американската делегација во врска со планот за воспоставување мир во Украина.

Претходните преговори беа одржани на 23 ноември во Женева со учество на европски лидери.

ИЗДВОЕНИ